„Конечно некој се сети на едно место да ги постави сите случувања на оваа наша прекрасна планина. Се надевам дека оваа платформа ќе има одржливост и допрва ќе се полни со се што ќе се случува на Шапка“.
За нас
Popova Shapka– all seasons adventuresPopova Shapka– all seasons adventures е синергија од постоечкото и претстојното, комплетна платформа на сите туристички производи и настани кои ги нуди и кои во иднина ќе ги нуди Попова Шапка како туристичка дестинација. Ненадмината комбинација на атракции, култура, гостопримливост и природна убавина што одзема здив е она што ја прават Попова Шапка вистинскиот избор за секого. Целта е, воспостваување соработка меѓу сите засегнати страни на Попова Шапка, со цел враќање на сјајот на оваа малку подзаборавена убавица. Досегашните трендови на престој на Попова Шапка со мал број организирани содржини, преку заедничка соработка на сите јавни и приватни субјекти, ги трансформираме во незаборавни искуствата за престој и уживање на Попова Шапка.

Нашата вредност
Она што не прави посебни е тоа што важиме за динамичен фокус кој обезбедува возбуда и авантура преку удобноста на искуството, вистинското место за да се релаксирате и рекреирате во која сезона и да посакате. Нудиме обуки за унапредување на капацитетите на клиентите засновани на високи стандарди кои ќе им овозможат да се стекнат со потребните компетенции и ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците на променливата средина и да напредуваат во кариерата.

Нашата мисија
Нашата мисија е создавање, спроведување и одржување на највисок квалитет во туризмот. Вмрежување на сите засегнати страни на Попова Шапка, соработка во туристичката дестинација, со цел полесно соочување со предизвиците и покомпатибилно функционирање на Попова Шапка како туристичка дестинација која е центар на случување на настани од повеќе области.

Безбедност
Здравјето и безбедноста на нашите клиенти ни се на прво место! Со оглед на новонастантата ситуација со КОВИД-19 се трудиме хигиената да ја држиме на највисоко ниво и колку што е можно ризикот да го сведеме на минимум. Сите активности на Попова Шапка се спроведуваат по утврдени протоколи за заштита на здравјето и безбедноста на посетителите. Сите засегнати страни строго се придржувата кон мерките кои се задолжителни за заштита на своето како и на здравјето на другите.

Цели и задачи
Нашите цели и задачи се: социјалната одржливост, одржливост на околината, туристичко искуство/доживување, туристички производ, квалитет, туристичката побарувачката, односи со јавноста и маркетинг, партнерство и управување, капацитетот на човечките ресурси, инфраструктурата и другите делови на поддршка на секторот.
Запознајте ги нашите водичи!
Нашите обучени водичи за сите авантури ви стојат на располагање!
Име и Презиме (наскоро)
краток опис (наскоро)
Име и Презиме (наскоро)
краток опис (наскоро)